| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен 67 – годишен кичевец, допирал шестгодишно девојче по телото

Вчера околу 14.25 часот, жител на Кичево пријавил дека на ул.„Јанко Михајлоски“, во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице допирал малолетно женско дете по делови од телото.

Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. По преземени мерки, по кратко време од слобода бил лишен Б.С. (67) од Кичево.

Над детето бил извршен лекарски преглед, при што не биле констатирани телесни повреди, а бил извршен и разговор во присуство на родител и социјален работник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top