СЈО не приложи докази дека обвинетите ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар во случајот „Тенк“. Обвинението на Специјалното јавно обвинителство се темели на претпоставки и на селектиран дел од аудиоматеријалите прибавени со грубо и долгогодишно кршење на човековите права преку незаконско прислушување.
Иако тврди, СЈО нема докази дека Ѓоко Поповски, тогашен на помошник на министерот во Секторот за општи и заеднички работи, ги пречекорил своите овластувања и сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, така што го фаворизирал Мак Аутостар ДООЕЛ Скопје.
Напротив, во доказната постапка недвосмислено се потврди дека на Ѓоко Поповски, целосно му било пренесено овластувањето за спроведување на јавните набавки и тој постапил во рамките на своето овластување – донел Одлука за јавна набавка. Врз основа на оваа одлука изготвена е Тендерската документација, чиј составен дел е и техничка спецификација за карактеристиките на возилото. Наспроти тврдењето на СЈО, од исказите на сите сведоци кои биле директни учесници во постапката, без разлика дали се предложени од СЈО или од одбраната и од изведените материјални докази, не произлезе дека обвинетиот Ѓоко Поповски ја изготвил или учествувал во изготвување на техничката спецификација како составен дел од тендерската документација.
Впрочем и самото МВР на барање на СЈО, за потребите на судската постапка даде појаснување за законските основи, текот на постапката и постапувањето на секој учесник во постапката, вклучително и Ѓоко Поповски, за што беше приложена и соодветна документација.
Тврдењето на СЈО за наводно фаворизирање на економскиот оператор Мак Аутостар, се побива и со одредбите од Законот за заштита на конкуренција согласно кои не постои ексклузивитет за ниту еден економски оператор во однос на брендот кој може да го понуди. Напротив од регулативата, од изјавата на сведокот кој бил долгогодишен управител на една од конкурентските фирми и од праксата за која постојат јавно достапни податоци произлегува спротивното. Последен таков пример, што се гледа од јавно достапните податоци објавени ЕСЈН на интернет страницата на Бирото за јавни набавки, е Договорот за јавна набавка на патничко возило, кој Општина Новаци го склучила со Јосифов ДООЕЛ од Битола, кој не е овластен увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за соодветниот бренд на возило.
Обвинителството тврди дека иако обвинетите знаеле дека набавка на такво ново возило било вонредно скапо, во услови на намалена куповна моќ на МВР била спроведена постапка за набавка, но не приложува апсолутно никаков доказ во поткрепа на ваквото тврдење. Спротивно на ова тврдење, видно од предложените докази, односно од документација доставена од МВР до СЈО се потврдува дека врз основа на претходно утврдена неопходност од набавка на возило со специјална безбедносна заштита уште со Планот за јавни набавки за 2011 година била предвидена набавка на половно блиндирано ПМВ. За таа цел МВР, по претходно испитување на пазарот во рамките на кое се прибавени 2 индикативни понуди за цената на чинење и нивото на опременост на возилата од ваков тип, спровело отворена постапка за набавка на блиндирано ПМВ. Со оглед на тоа што иако економските оператори од кои биле прибавени индикативните понуди во рамките на испитувањето на пазарот, располагале со ПМВ кои одговарале на барањата на договорниот орган, во предвидениот рок до МВР не била доставена ниту една понуда, тендерот е поништен и во тековната буџетска година не е распишан нов.
Од Решението за внатрешна распределба на буџетот, Буџетот на МВР за 2012 и Буџетот на МВР за 2011 година се потврдува дека средствата за спроведување на набавката во целост биле обезбедени на соодветната буџетска ставка во соодветната буџетска година.
Со ова во целост се побива тврдењето дека МВР било со намалена економска и куповна моќ, што впрочем како квалификација и не соодветствува за буџетски корисник бидејќи буџетските корисници располагаат со онолку средства колку што Собранието ќе одобри во буџетот, а истите во Буџетот се утврдени со конкретни износи, за конкретни намени и се распределени на конкретни буџетски ставки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст