Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски, го објави поширокиот список од 27 ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство 2018 против селекциите на Шведска и Србија.
На поширокиот список на Симовски се наоѓаат: Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Амра Илјаз, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Теодора Керамичиева, Марија Штериова, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Елена Ливриниќ, Леонида Гичевска, Елена Ѓеорѓијевска, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ, Милица Николиќ, Мирјета Бајрамовска, Ангела Тодоровска, Мила Трајковиќ, Моника Јаневска, Јована Кипријановска, Марија Тасевска, Јана Калајџиевска, Сања Дабевска.
Македонија се наоѓа во третата квалификациска група каде покрај Шведска и Србија, се натпреварува и селекцијата на Фарски Острови. Досега со две победи во вкупно одиграните четири средби, Македонија е трета на табелата со четири бода, два помалку од лидерите Шведска и Србија.
Последните две кола од квалификациите ќе се одиграат во периодот од 30 мај до 3 јуни. Првата од двете средби Македонија ќе ја игра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 30 мај против Шведска, додека во последното коло, „црвено-жолтите“ ќе и гостуваат на Србија во Ниш на 3 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст