| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува ерата на Буфон во Јувентус: Легендарниот голман во сабота ќе го има последниот настап за клубот

По цели 17 години, 639 натпревари во Серија А, 9 титули во домашниот шампионат, 5 Суперкупа на Италија и 4 од Купот, големиот Џанлујџи Буфон и официјално објави дека си заминува од редовите на италијанскиот шампион, Јувентус.

Можеби најголемиот чувар на мрежата на сите времиња на денешната прес-конференција со многу емоции откри дека овој викенд ќе го одигра својот последен натпревар како член на Јувентус, но не откри дали ќе биде негов последен во кариерата.

– Иако имам 40 години се чувствувам фантастично и тоа е благодарение на менталитетот во овој клуб. Мојата филозофија е изградена врз база на онаа од клубот и јас на ист начин ќе продолжам да живеам, бидејќи само така може да се достигне она што го сакаш. Горд сум што играв за Јувентус толку години и среќен сум што заедно пребродивме многу проблеми и освоиме многу трофеи. Оваа одлука ја донесувам свесно и сабота ќе биде мојот последен натпревар во дресот на Јувентус. Што со мојот иден ангажман? Сакам на најдобар начин да се простам од фановите на овој клуб, па потоа ќе седнам на маса и ќе ги разгледам понудите. Навистина горд сум што добив толку многу понуди, но искрено не сакам да завршам во некој клуб од пониските лиги, изјави Буфон.

Првиот човек на Јувентус потврди дека „старата дама“ ова лето нема да тргне по потрага по замена на Буфон, бидејќи од тимот веруваат во квалитетите на Војчеш Шчешни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top