| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето било поситно, а бројот на алката не се совпаѓал: Мајка испратена дома со туѓо бебе

Во породилното одделение на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) се случи несекојдневна ситуација – мајка била отпуштена со туѓо бебе.

Прв што забележал нешто необично бил таткото, кој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата, па проблемот е надминат.

Од КЦЦГ го потврдиле случајот. Против одговорните медицински сестри е покрената дисциплинска постапка, а клиниката соопштила дека во иднина при отпустот, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од клиниката – неонатолог и две медицински сестри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top