| четврток, 6 декември 2018 |

Од Батлер во Бостон селтикс, Бред Стивенс со 36 години најмлад тренер во НБА

Бостонс селтикс направи неочекуван потез во обидот за комплетна реконструкција на тимот, а нов тренер на легендарниот тим во НБА ќе биде Бред Стивенс. Со 36 години, поранешниот „коуч“ на Универзитетот Батлер, ќе биде најмладиот предводник на тим во НБА.

„Со Бред имаме многу слични погледи кога во прашање е кошарката. Очекувам тој да биде вистински лидер во обновата на тимот. Ги познавам одлично неговите квалитети и знам дека може да одговори на предизвикот“, изјави Дени Ејнџ.

Оваа одлука е шокантна за познавачите на НБА кошарката, бидејќи Стивенс нема искуство со водење тим во професионалната кошаркарска лига на Америка, а одеднаш доби место во еден од најтрофејните НБА клубови.

Тој долго време беше тренер на колеџ Универзитетот Батлер и има одличен просек од 77,2 проценти успешност и во секоја сезона имал најмалку 22 победи. Двапати по ред ги предводеше студентите од Батлер до фајналфор турнирот во НЦАА лигата. Стивенс ќе го замени Док Риверс, кој замина во Лос Анџелес клиперс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top