| четврток, 6 декември 2018 |

Спортски авион се урна кај Белград: Загинал искусниот пилот Горан и уште едно лице (фото)

Два лица загинаа попладнево кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во Земун Поље во околината на Белград. Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ загинале маж и жена.

Како што јавија српските медиуми, една од жртвите е 48-годишниот искусен пилот Горан Петровиќ, а идентитетот на жената која била со него во летатлото се уште не е познат.

Портпаролката на белградската служба на Брза помош во изјава за Танјуг рекла дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19.18 часот. Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top