| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски оствари билатерална средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан

На маргините на самитот на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија. На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

Воедно од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top