Утревечер во 19 часот во кино кино „Милениум“ се отвара 18. Фестивал посветен на италијанскиот филм, организиран од Италијанската Амбасада во Скопје. Првата проекција ќе биде со филмот „Call Me by Your Name“, од 2017 година во режија на Лука Гвадањино (Luca Guadagnino), добитник на Оскар за најдобро адаптирано сценарио (Џејмс Ајвори – James Ivory) и со три номинации за најдобар филм, за најдобар главен актер (Тимоте Шаламе – Timothee Chalamet) и најдобра песна (“Mystery of Love”).
Филмот доби едногласна поддршка од страна на публиката и критиката, особено на Филмскиот фестивал „Санденс“ и Њујоршкиот филмски фестивал, каде што беше поздравен со десетминутни овации. Тој раскажува за една деликатна хомосексуална љубовна приказна помеѓу еден тинејџер и млад американски студент која се одвива во текот на летото во осумдесеттите години, поминато во околината на гратчето Крема, во внатрешноста на италијанскиот регион Ломбардија, во прекрасната вила на родителите на главниот лик. Филмот е забранет за помлади од 16 години.
Останатиот дел од Фестивалот ќе се оддржи од 18 до 23 мај во Кинотеката на Македонија со почеток во 20 часот. Оваа година заедничката тема на филмовите кои ќе се прикажат е инспирирана од темата на работата: почнувајќи од борбата за опстанок на тие што се обидуваат да најдат работа, до самоостварувањето на тие кои ја прифаќаат како центар на сопственото постоење.
Важноста на оваа тема е потенцирана во членот бр. 1 од италијанскиот устав („Италија е демократска Република заснована на работа„), кој оваа година одбележува седумдесет години. Темата е се’ повеќе актуелна во момент во кој се’ уште минуваме низ последиците на економската криза, во која се чини дека особено младите генерации се првите жртви, со процент на невработеност кој за жал во Италија надминува 30% (многу висок процент, особено на југот на Италија, иако во последно време има знаци на подобрување). И покрај ова, оваа тема во филмовите е претставена главно со ироничен и забавен дух, базиран на долгата традиција на комедијата … на италијански начин (Commedia all’italiana)!
Влезот на сите проекции е бесплатен (но потребно е претходно да обезбедите билети). За повеќе информации посетете ја веб страницата на Амбасадата (https://ambskopje.esteri.it/ambasciata_skopje/it/) и фејсбук страницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст