Српскиот ракометар Недељко Јовановиќ денеска ќе биде сослушан во полиција поради хаосот кој во неделата вечер го направил во породилиштето во Вишеградска.
Како што пишуваа српските медиуми, таа ноќ, неговата свршеница поради компликации предвреме се породила во шестиот месец од бременоста и родила бебе тешко само 600 грама.
Дивеењето на ракометарот во породилиштето го пријавила една од медицинските сестри, која таа ноќ била дежурна. Меѓутоа кога полицијата стигнала во кругот на болницата, Јовановиќ веќе бил заминат. Него успеала да го убеди да си оди Марија Шерифовиќ, која е инаку братучетка на неговата свршеница.
Како што неофицијално се дознава, по сослушувањето на Јовановиќ во полиција, извештајот треба да се предаде на обвинителството кое треба да реши дали против ракометарот ќе покрене постапка.
Инаку Јовановиќ, само ден по инцидентот, повторно го посетила ГАК Вишеградска, но овојпат да се извини за неговото однесување. Тој во болницата дошол во попладневните часови и се обидел да ја смири ситуацијата со докторите и сестрите.
Како што веќе се пишуваше, Јовановиќ во неделата околу 12 часот навечер упаднал во породилиштето, каде се обидувал да ја скрши вратата, викал и ги обвинувал лекарите за предвременото породување на неговата свршеница, а потоа влегол дури во делот каде жените се пораѓаат и каде на цивилите влезот им е забранет.
Како што раскажала дежурната докторка, тој викал дека лекарите му го убиле детето и ги нарекувал со погрдни имиња. Шутирал се што му се наоѓало на пат и ги будел жените кои спиеле. Никој не можел да го запре, со оглед на тоа дека вечерта на смена биле само жени.
Додека во пордилиштето се одвивала драмата, свршеницата на ракометарот била во родилната сала. Таа се породила, а детето кое се родило со 600 грама, се уште е живо и се наоѓа во инкубатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.