| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Нина Бадриќ на 9 јуни во Скопје (видео)

По распродадените „Сава Центар“ во Белград и српско Народно позориште, хрватската поп -ѕвезда Нина Бадриќ конечно доаѓа во Скопје на голем солистички концерт, кој ќе се одржи на 9 јуни во Македонската филхармонија.

Неодамна Нина Бадриќ ја претстави и новата песна „Mijenja se vrijeme“, каде што фановите ги воодушеви со новиот изглед, како и со изборот на песна која има навистина светски звук.

Долгогодишната кариера, бројните награди и насловни страници, синглови кои владееа и се` уште владеат на радиските топ листи… сето тоа оди во прилог на убавата пејачка, но најмногу на прекрасната и верна публика која до последно место ги полнела најголемите концертни сали. Впечатлива беше и минатата година во која Нина ги „запали“ топ листите низ целиот регион со песната „Dani i godine“, за која доби и многубројни награди. Оваа песна многумина ја сметаат за вечен евергрин, а на тоа во прилог оди и фактот дека досега видео спотот за оваа нумера има над 15.000.000 прегледи.

„Čarobno jutro“, „Dodiri od stakla“, „Da se opet tebi vratim“, „Takvi kao ti“, „Moje oči pune ljubavi“, се само дел од дискографијата на Нина Бадриќ. Најубавите песни од нејзината музичка кариера, како и низа други музички изненадувања, ќе ги изведе Нина и во Скопје на 09-ти јуни, во салата на Македонската филхармонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top