Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Nu couche (sur le cote gauche)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиона долари на аукција во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк.
Со ова, таа се најде на четвртото место на листата најскапо платени уметнички платна на јавно наддавање. И оценките претходно се движеа околу 150 милиони долари.
Сликата, на којашто е претставена провокативно разголена жена, некогаш била забранета во Париз, како непримерна. Во почетокот на 20. век Модиљани го шокираше светот со своите актови од жени во сите можни пози.
„Nu couche (sur le cote gauche)“ е најголемата слика на платно на Италијанецот, којшто починал во 1920 година на 35-годишна возраст. Досегашен сопственик беше ирскиот милијардер Џон Мегниер.
Името на купувачот не е откриено.
На аукцијата беа понудени и 11 платна на Пикасо, како и дела на Клод Моне, Жоан Миро и Едвард Мунк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст