| четврток, 6 декември 2018 |

Самостојна изложба на Ангелца Стоиљковиќ

На 15 мај (вторник) 2018 година во горното фоаје на Младинскиот Културен Центар МКЦ во Скопје со почеток во 20 часот е закажано отварањето на самостојната изложба на Ангелца Стоиљковиќ со наслов „Предели на поетиката на предвидливото во трансферзалите на ововремената појавна стварност“.

Ангелца Стоиљковиќ е добитник на наградата на ДЛУМ за најдобар „Експериментален цртеж“ во 2017 година и оваа изложба ДЛУМ ја организира како наградна изложба.

На изложбата авторот ќе се претстави со 24 дела цртежи изработени во 2017 и 2018 година.

Љубителите на ликовнта уметност оваа изложба ќе имаат мозжонст да ја видат до 25 мај 2018 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top