Мајка полицаец застрела вооружен разбојник кој сакаше да изврши грабеж пред бразилско училиштеОбјавено пред 4 минути. Неверојатна ситуација била регистрирана од страна на надзорните камери поставени пред училиште во бразилскиот град Сао Паоло.
Имено, вооружен напаѓач се обидел да ги ограби родителите кои биле со своите деца во саботата наутро, но целата ситуација завршила кобно по него. Имено, крадецот во својата намера бил спречен од една од мајките која всушност била полицаец.
Еливелтон Невес Мореира (21) го вперил оружјето кон насобраните луѓе и почнал да ги ограбува, но Катја да Силва Састре во тие моменти го извадила пиштолот од својата чанта и испукала три куршуми кон разбојникот.
Тој паднал на подот и испукал два куршума, но потоа се предал. Састре (42), полициски службеник која во моментот не била на должност, го одезела оружјето од напаѓачот, го свртела на стомак и така ја дочекала интервенцијата на своите колеги. Мореира подоцна починал во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст