| четврток, 6 декември 2018 |

Историјата се повтори: Вардар повотрно поразен од Ѓер во финалето

По двете продолженија од по 5 минути, нашите вардарки за жал го загубија и второто финале во две години во Ф4 и тоа повторно од Ѓер. По нерешениот исход 20-20 по регуларните 60 минути, Унгарките успеаја да стигнат до победата, за конечни 27-26.

Во продолежнијата доминираше ракометарката на Ѓер, Аморим која им ја донесе победата. Во последните моменти од мечот вардарки имаа шанса за да го израмнат резултатот, но Чанаџија не успеа да се избори за пенали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top