Карате клубот „Ѓорче Петров”, некогашен „Мирче Ацев” гордо сведочи за традиција и успеси. На настанот беа доделени признанија, благодарници и плакети.
Општинaтa заедно со карате клубот вчера организираше настан по повод 50 годипнината. Присустните имаа можност да се потсетат на историјата и хронологијата на успеси. Карате клубот „Мирче Ацев” е прв регистриран клуб со издадена прва книшка на натпреварувач од страна на Македонската карате федерација. Димче Јанковски е прв регистриран каратист во Република Македонија.
По првиот регистриран клуб во општина Ѓорче Петров, пред половина век, каратето се шири низ други градови во Македонија.
Карате клубот „Ѓорче Петров”, некогашен „Мирче Ацев”, гордо сведочи за традиција и успеси. На настанот беа доделени признанија, благодарници и плакети.
Тренерот Зоран Најдановски ја искажа својата гордост кон сето она што е постигнато.
– Им благодарам на сите кои дадоа свој придонес и заложба во развојот на карате спортот во Ѓорче Петров, славиме јубилеј од 50 години. Јас сум горд на сето тоа, горд сум, што го спомнуваме карате клубот „Мирче Ацев“ како прв регистриран клуб и прва книшка под број 1. Се надевам дека овој спорт, карате спортот во општина Ѓорче Петров уште многу години ќе опстојува и ќе бележи видни резултати, рече тој.
На свеченоста присуствуваа градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и екс-градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст