Демократската унија за интеграција во јуни ќе одржи Централен совет како највисоко тело меѓу двата конгреси, најави претседателот на партијата, Али Ахмети, по маратонскиот состанок на предводниците на партијата, каде, како што е наведено во соопштението, биле донесени заклучоци за континуитет на спроведување на програмата од извршната власт.
– Беа дискутирани и политичките прашања, вклучувајќи го проблемот со името, односите со соседите, интеграцијата во НАТО, системските реформи, извештајот за напредокот на Европската комисија, преговорите со Европската унија, проширувањето на парламентарното мнозинство, јазичната еднаквост итн. Претседателството го констатираше успешниот и ветувачки тек на преговорите за надминување на последната пречка во правец на целосна ЕвроАтлантска интеграција и ги охрабри властите храбро да пристапат кон затварање на долгогодишниот спор со Грција во периодот пред нас, се наведува во соопштението од ДУИ.
Од почетокот на годината се појавија информации дека Ахмети планира да се повлече од лидерската позиција на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст