| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ импресиониран од голманката на Вардар: Лејно е едноставно светска класа (видео)

Херој на големиот вардаров триумф вчера и пласманот во големото финале е Амандин Лејно. Феноменалната Французинка со 17 интервенции уште од самиот почеток ги откажа руските ракометарки, за кои беше многу тешко да се вратат на вистинскиот колосек.

ЕХФ на својата официјална страна, по вчерашните фантастични интервенции на Лејно, објави видео од дел од нејзините одбрани со наслов „Лејно е едоставно светска класа“. Видеото може да го погледнете тука.

Инаку Амандин Лејно кариерата ќе ја продолжи токму во Ѓер – клубот со кој денеска Вардар ќе води битка за искачување на тронот на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top