Изјавата на медијаторот Метју Нимиц по шестчасовната средба со шефовите на македонската и грчката дипломатија, ја пренесуваат медиумите во Грција, со коментар дека топката и решението сега се во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Средба Ципрас – Заев: Нов прозорец за решение“; „Скопското прашање: Палката во рацете на премиерите“; „По шестчасовната средба на Нимиц, Коѕијас и Димитров соопштена средбата Ципрас- Заев“; „Во рацете на Заев и Ципрас палката за скопското прашање“; „Сунио ги обнови амбициите за решение на скопското прашање“ се дел од насловите во медиумите во Грција за вчерашната средба на Димитров – Коѕијас – Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина.
– Средбата на Коѕијас и Димитров со Метју Нимиц, во траење од шест часа, доведе до поклопување на позициите и го отвори патот за средба на двајцата премиери, објави грчката државна телевизија ЕРТ.
– Ако немаше напредок во разговорите, немаше да се закаже средбата на двајцата премиери, рече новинарката од грчката телевизија Алфа во синоќешното издание на централните вести.
– Во рацете на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев поминува следниот круг преговори за скопското прашање. Коѕијас и Димитров во сенка на храмот на Посејдон во Сунио ги доведоа преговорите во крајната фаза и сега клучните одлуки се пренесуваат на највисоко ниво, објави телевизијата Антена.
– По продуктивната, според Нимиц, средба на Коѕијас и Димитров во Сунио, состанокот Ципрас – Заев во Софија е одлучувачки за преговорите, пишува порталот Њуз 247.
– Палката за решавање на името веќе е во рацете на премиерите на Грција и ПЈРМ, по средбата на министрите за надворешни работи на двете земји со Метју Нимиц. Разликата и понатаму е за ерга омнес, додека пак во изминатите часови се чини дека на преговарачката маса се наоѓа конечниот предлог на Скопје, напиша доцна синоќа грчкиот информативен портал Ин, пренесувајќи ги информациите објавени во весникот „Та неа“, односно како што вчера објави МИА, сценариото за решение со период од две години за имплементација.
Ова сценарио го пренесоа и други грчки електронски медиуми, како наводен предлог од македонска страна.
Грчките медиуми потсетуваат дека средбата на Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија ќе биде втора по ред, по разговорите во јануари во Давос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст