| четврток, 6 декември 2018 |

Радичевиќ: Молчевме за сѐ шест месеци, се надевам дека Бог ќе нѐ награди со трофеј

Jованка Радичевиќ, ракометарката која ги брани боите на Вардар, имаше емотивно обраќање по победата над Ростов-Дон во Лигата на шампионите и пласманот во финалето на Ф4-турнирот. Црногорката истакна дека Вардар заслужено е во мечот за трофеј и се надева дека Бог ќе ги награди ракометарките за се што минале низ изминатите шест месеци.

– Добивме тежок натпревар, горда сум. Имаме срце колку целиот свет. Покажавме од почетокот дека сакаме во финале. Мислам дека заслужено одиме понатаму. Мора да оставиме срце на терен. Имаме многу проблеми во изминатите шест месеци, но ние само молчевме и работевме. Се надевам дека Бог ќе не награди за тоа. Нема што да загубиме со Ѓер. Утре е последен меч за Вардар. Имаме мотиви да покажеме дека заслужуваме титула. Лани бевме „ограбени“, но забораваме на тоа. Баш добро е што утре ќе играме со Ѓер и ќе имаме шанса да им вратиме, изјави Радичевиќ.

Мечот со Ѓер е последна шанса за овој тим на ЖРК Вардар да освои европско злато, затоа што по крајот на сезоната доаѓа крајот на овој тим и сите се разделуваат, а во тимот ќе играат млади македонски ракометарки.

(извор – Гол.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top