| четврток, 6 декември 2018 |

Полувреме: Вардар има контрола и предност (ВО ЖИВО)

Вардарки одиграа одлично полувреме и имаат предност по првите половина час игра, а најмногу поради супер расположената Амадин Лејно на голот која одбрани неколку зицери на противникот.
Македонскиот претставник имаше предност во текот на целото полувреме освен во почетните минути кога Ростов постигна гол за 1:0.

Во продолжение Вардарки прикажуваа одлична игра и во неколку наврати имаа четири поени предност, за на крајот полувремето да го завршат со предност од три гола 10:7.

Доколку Вардар избори пласман во финалето, ќе игра против Ѓер.

Следете во живо Вардар – Ростов – Фајналфор на ЛШ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top