| четврток, 6 декември 2018 |

Што се крие: Големо загадување во Струмица, иако е мај, надмината е максималната граница во сред бел ден, Заев и Јаневски молчат!

 

Денес, 12.05.2018 година (сабота) градот Струмица во 13:30 часот повторно има големо загадување на воздухот со канцерогени честички ПМ 10.

Иако е средината на месец мај, дури и во сред бел ден загадувањето од 70 мг / м3 убедливо ја надминува максимално дозволената граница од 50 мг / м3.

На тој начин крајната граница за максимално загадување е пробиена за цели 40 проценти.

Граѓаните на Струмица и околните места се прашуваат што се случува и што се крие од нив, затоа што не е нормално да има вакво загадување на прагот на летото.

Загрижува фактот што со денови молчат премиерот Заев и градоначалникот Коста Јаневски, кои се најповикани да одговорат на овие прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top