Без почитување на дадениот збор, ќе изчезне довербата во системот, истакна претседателот Ѓорге Иванов, на денешниот Глобален форум за лидерство, што се одржува на престижниот Универзитет „Бахчишехир“ во Истанбул.
-Доволно е да ја погледнеме состојбата со меѓународното право. Република Македонија седум години чека да се испочитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011 година во однос на грчката блокада за НАТО. Една од ретките членки на НАТО, кои дословно ја почитуваат пресудата е Република Турција која секогаш принципиелно го користи нашето уставно име. И за тоа сме многу благодарни- рече Иванов.
На Глобалниот лидерски форум учествуваат политичари, амбасадори и истакнати професори од Турција и од светот. Крстопатот на меѓународните алијанси, одржливиот мир на Блискиот Исток, иднината на Европската Унија, беа дел од темите на дискусија на форумот.
Вчера, Претседателот на Република Македонија го посети градот Сивас во Анадолија, каде одржа предавање и му беше доделен почесен докторат од престижниот Универзитетот „Џумхуријет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани