Денеска во Сунио, во Грција ќе се одржи нова средба на шефовите на дипломатиите на Република Македонија и Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, под посредство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.
Средбата, како што најави Министерството за надворешни работи на Република Македонија, треба да започне во 10.30 часот по локално време.
Шефовите на дипломатиите на Вишеградскара група и на балканската четворка, вчера се согласија дека ЕУ треба да се проширува, а денеска во Атина, Димитров, Коѕијас и Нимиц ќе ги продолжат преговорите за името од кои зависи влезот на Македонија во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.