| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми: Егеецот Димитров ќе биде главен виновник доколку преговорите пропаднат

Пред утрешната нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со медијаторот на ОН Метју Нимиц, Михали Игнатиу, еден од најугледните грчки новинари објави анализа во која вели дека Димитров може да биде главниот виновник за неуспехот на преговорите за проблемот што Грција го има со името Македонија. Игнатиу не случајно во оваа своја анализа потсетува и на потеклото на Димитров дека е од Егејска Македонија.

Во текстот објавен на Хеласжурнал, авторот вели дека за разлика од Димитров, премиерот Зоран Заев е многу покооперативен. „Тврдокорниот националист Никола Димитров предизвика сериозни проблеми за време на разговорите во Виена, брифираат анонимни извори за нашата интернет страница. Димитров го предизвикал гневот на преговарачот Метју Нимиц, кој наводно го предупредил министерот на Скопје дека тој создава повеќе проблеми за својата земја отколку за Грција.

Според нашите извори, однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас било за пример и дека тој го спасил потонатиот брод на преговорите, кои сега се карактеризираат со интензивни несогласувања.

Важно да се напомене дека предлозите на г-дин Димитров често биле во спротивност со оние на премиерот на Скопје, Зоран Заев во разговорите со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас и со Коѕијас.

Заев покажувал подготвеност за компромис, спротивно на она што го изјавувал Димитров. Во написот пишува дека дипломатите во Скопје биле изненадени од тоа што премиерот сѐ уште не го сменил Димитров, главниот човек кој ги отфрла сите пакети за компромис од страна на Нимиц. Посредникот на ОН смета дека „толку сме блиску, а толку далеку од решението“, а одговорноста за тоа е во Скопје, пишува Михали Игнатиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top