| четврток, 6 декември 2018 |

Неправедно лежел затвор 3 години: За тоа време починале неговата мајка и сестра, а сега доби огромна оштета

Американецот Кaнефах Бузер, кој поминал нешто повеќе од три години во затвор врз основа на лажното сведочење на полицаецот Рајан Волтман, доби отштета од десет милиони долари. Овој 33-годишен маж од Филаделфија бил затворен за наводно пукање кон полицаец во 2011 година, но поради кауцијата од половина милион долари која не можел да си ја дозволи, процесот го чекал во затвор.

Во 2014 година кога конечно почнало неговото судење, друг маж сведочел дека вечерта тој пукал, а не Бузер, како и дека тоа го направил во воздух, а не кон полицаецот. Тој исто така нагласил дека тоа го соопштил во полицијата уште ноќта кога Бузер бил уапсен, но дека никогаш не било истражено ниту објавено.

Додека Бузер бил во затвор, починале неговата мајка и сестра.

Од градот Филаделфија соопштиле дека полицаецот Волтман направил ненамерна грешка, како и дека ќе вложат жалба на одлуката за обесштетување. Волтман се уште е вработен во полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top