Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола во својата втора сезона го пронајде вистинскиот баланс и успеа да го врати тимот на победнички патеки, односно беше забележан триумф во Премиер лигата и Лига Купот.
Меѓутоа патувањето во Лигата на шампионите беше пократко од очекувањата и Сити беше запрен уште во четвртфиналето и тоа од премиерлигашот ривал Ливерпул, па за многумина тоа беше сфатено како знак дека „граѓаните“ ќе се фрлат супер активно во летниот преоден рок и ќе доведе нови имиња. Сепак, Гвардиола вели дека нема да ангажираат многу нови фудбалери.
– Нема многу да ги има. Направивме добра, голема инвестиција минатата сезона, затоа што беше стар тим-10, 11 играчи над 30 години. Направивме промени миатата сезона, па сега ќе промениме некои детали. Еден, можеби двајца, изјави шпанскиот стратег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст