Со Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, донесовме заедничка одлука дa го раскинеме договорот, изјави премиерот Зоран Заев со што потврди дека Шаќири нема да биде ангажиран како надворешен соработник во Владата на Република Македонија.
– Транспарентни сме за се. Нашата цел беше инклузивен процес и надминување на конфликтите од минатото. Луѓе кои во минатото се гледале низ нишан, сега работаат за својата земја Република Македонија. Но, истовремено сме и луѓе кои слушаат, а реакциите беа преголеми. Слушнавме што народот кажува, што кажа опозицијата која исто така беше критичка кон ова прашање. Разговаравме со Џезаир Шаќири и заедно донесовме одлука договорот да го раскинеме, изјави Заев за време на денешната посета во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст