Кога ќе има имаме договор и правна ратификација на истиот, тогаш ќе се отвори патот кон ЕУ, вели шефот на грчката дипломатија во одговор на прашањето
на дописничката на МИА од Атина, на прес конференцијата по завршувањето на состанокот за иднината на Европа, што денеска се одржа во Сунио.
– Мислам дека од моментот кога ќе се договориме и ќе постои правна ратификација на договорот, патот за да се отворат преговори со Европската унија е отворен. Утре во 10.30 ќе имаме нов круг преговори, доаѓа и Нимиц. Претходните преговори се одржаа во Солун, без негово присуство. Мислам дека ако и двете страни длабоко од срце сакаме да завршиме со проблемот што не би требало да е нерешен. Како што велам со Никола, како министри повикани сме да решиме проблем што не го создадовме, рече Коѕијас.
При тоа тој не даде конкретен одговор на прашањето на МИА дали во духот на денешната дискусија за важноста на европската перспектива на регионот, Грција би прифатила Македонија да добие датум за отпочнување пристапни преговори, доколку претходно нема решение на името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст