Факт е дека утрешниот ден е многу важен, вели министерот Димитров во однос на средбата со неговиот грчки колега и медијаторот Нимиц, закажана за утре во 10.30 часот, повторно во Сунио.
– Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај. Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре, рече шефот на македонската дипломатија.
На прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали е оптимист, Димитров вели дека тоа е многу субјективно.
– Искрено чувствувам многу голема тежина и одговорност да направам се што можам заедно со Никос да изнајдеме нешто што ќе ги покрие основните… оти ние сме во една ситуација да проценуваме како нашите граѓани ќе реагираат на тоа што на некој начин условно би го разговарале и би го понудиле понатаму на највисоко ниво на лидерите и затоа тоа не е едноставна работа, бара многу чесен пристап, бара визија, граѓаните не се должни да мислат на последиците што ако нема договор, а јас искрено чувствувам и таква одговорност бидејќи гледам дека во таква состојба е Европската унија, во таква состојба е регионот. Многу е важно за нашата иднина да успееме да го надминеме ова прашање, вели шефот на македонската дипломатија.
На новинарско прашање и коментар дека се чини дека премиерот Заев е пооптимист од него, Димитров рече дека имаат различни стилови, премиерот го покажува правецот, а тој како министер мора полека полека да го изоди патот преку процесот.
Утрешниот нов круг разговори со медијаторот, Димитров индиректно ги поврза и со денешните активности, ја спомена неодамнешната прослава на Денот на Европа и од декларацијата на Шуман.
– Убаво е тој европски процес да го искористиме и ние на Балканот и ние да се помириме и да си ги решиме проблемите. Нема поприродно ако нашите соседи се нашите најголеми туркачи и сојузници во таа наша цел – рече Димитров и истакна дека денешната конференција во Сунио била продуктивна на тема проширување на Европската унија и тоа во многу интересен формат.
– Убаво е да се зборува не само за нас, туку и за иднината на Европа. Тоа е важно затоа што на некој начин очекуваме да се качиме на воз во движење и што се случува таму ќе влијае на нас, што се случува таму влијае колку се расположени за проширувањето, рече Димитров во изјава за македонските медиуми, по завршувањето на конференцијата.
Шефот на македонската дипломатија на маргините на конференцијата, немаше директна билатерална средба со Никос Коѕијас, но се сретна со како што рече, гостите од Вишеград. Димитров разговараше со неговите колеги од Унгарија, Полска, Чешка и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст