| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми за Бразил: Дани Алвеш го пропушта СП во Русија

Репрезентацијата на Бразил се соочува со сериозен проблем на еден месец пред почетокот на СП во Русија, откако стана јасно дека Дани Алвеш нема да може да настапи за „кариоките“ на претстојниот мундијал. Членот на ПСЖ беше планиран како прва опција на позицијата десен бек, но заработи тешка повреда на коленото за време на финалето од Купот на Франција.

Првичните прогнози беа целосно мирување од 20 дена пред нови прегледи, но Бразилците по комуникацијата со лекарскиот тим на ПСЖ увиделе дека нема никакви шанси искусниот дефанзивец да се рехабилитира навреме за настап во Русија.

Поради тоа, медиумите во Јужна Америка најавуваат тој нема да се најде ниту на поширокиот список на селекторот Тите, а како негова најсериозна замена за оваа важна позиција се псоменува Данило од Манчестер Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top