| четврток, 6 декември 2018 |

Се’ би било поинаку: Салах за малку ќе потпишел за клуб оддалечен само 250 километри од Скопје

Хитот на сезонта во светот на фудбалот и играч кој ги надмина сите очекувања дефинитивно е Мохамед Салах, кој веќе доби две признанија за најдобра играч во Англија, од новинарите и играчите во оваа лига.

Сепак, деновиве за него излегоа многу интересни информации, имиња на потенцијални клубови кои сакале да го ангажираат, а доколку еден од овие трансфери се остварел, фудбалскиот пат на Салах ќе бил многу поинаков.

Имено, се’ се случувало во 2012 година кога Салах за малку ќе потпишел за ЦСКА Софија, но на крајот завршил во тимот на Базел. Тоа требало да се случи за сума од 200 илјади евра, но трансферот во Бугарија не се реализирал поради проблеми со работната дозвола. Популарниот ,,Мо” заврши во Базел за од тука да ја почне приказната која го вивна во врвот на фудбалска Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top