По 23 пат Македонија го доби автомобилот на годината. Вчеравечер за време на свечената манифестација во винаријата Камник на која присуствуваа бројни гости, пријатели на импортерот и љубители на автомобилите официјално беше доделена блескавата статуетка на брендот DACIA за најновиот модел на DUSTER.
Претседателот на стручното жири Горан Антевски по своето обраќање и образложување на одлуката во име на жирито му го предаде признанието на Жељко Барбариќ, менаџер за продажба на групацијата Рено за Јадранскиот регион.
„Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост. Секогаш е тешко да се одбере најдобриот во сегментот на пазарот што постојано расте, но моделот Dacia Duster не е само уште едно СУВ возило. Тоа е автомобил што сигурно ќе ги задоволи личните, семејните па дури и бизнис-потребите. Dacia Duster се издвои според критериуми што се особено важни за македонскиот пазар, како што се адекватност и понуда на домашниот пазар, каде
Dacia Duster ја направи решавачката предност”, изјави Антевски.
-За Групацијата Рено 2017 година беше исклучително важна. Алијансата со NISSAN се покажа како неверојатно успешна приказна која го осигури местото број 1 на светско ниво. Исто така групацијата оствари 4 рекорди по број на продадени возила, вкупни приходи, нето добивки и оперативна маржа. Со модели како што е новиот Dacia Duster и вакви партнери во Македонија како Аутомотив Груп сигурен сум дека пред нас се нови рекорди, рече Барбариќ.
За време на свечената манифестација беше доделено и признанието „Томислав Биљарац“ за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија на Владимир Воиновски од Еуроимпекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст