Од компанијата „Макстил“ каде синоќа беше запалено отпадно железо денеска информираа дека причините за пожарот се уште не се познати бидејќи погонот Челичарница не работи од 29 април.
Во соопштението се наведува дека пожарот е изгаснат и оти се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување.
– Нема повредени и нема причинета материјална штета. На терен од сношти се инспекциските служби и раководството на компанијата. Сите дополнителни информации во врска со настанот ќе и бидат соопштени на јавноста, се вели во соопштението.
Пожарот избувна синоќа, а во неговото гаснење учествуваа 21 пожарникар со девет возила, но поради високата температура и густиот чад дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


