| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва почнува „Скопје Креатива 2018“ под мотото „7 пати до креативност“

Фе­сти­ва­лот има за цел да пот­тик­не раз­вој на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии, за што е по­треб­на еду­ка­ци­ја на гра­ѓа­ни­те и на мла­ди­те за соз­да­ва­ње но­ви про­из­во­ди. Пре­ку раз­ви­ва­ње­то ве­шти­ни и ин­тен­зи­ви­ра­ње на со­ра­бо­тка­та ме­ѓу се­кто­ри­те кул­ту­ра и еко­но­ми­ја се теж­нее да би­де ис­пол­не­та крај­на­та цел – кре­а­тив­ни­от по­тен­ци­јал да би­де ста­вен во функ­ци­ја на еко­ном­ски­от раз­вој

Со отво­ра­ње на из­лож­би­те „7 па­ти до кре­а­тив­ност“ (про­то­ти­пи на „Мам­ка“ про­ект-ди­зајн на „До­ми­нум“, на ме­бел-ди­зај­ни­те „Свет­лос­на вр­ска“ на За­рап­чи­ев, „Ед­но­став­ни ли­нии“ на Ра­фа­и­лов­ски, „Мон­дри­јан од на­ше ма­а­ло“ на Га­ков, ме­бел-ди­зај­ни­те од от­пад­но же­ле­зо на Ми­нев­ски), про­мо­ци­и­те на „Ма­ке­дон­ски­от стрип во из­да­ни­ја­та на но­во­сад­ски – ’Днев­ник’“ на Сте­ва­нов и гру­па авто­ри, но­ва­та стрип-ре­ви­ја „Де­ве­тка“ на Стрип Ква­драт, на­уч­но­фан­та­стич­ни­от стрип „Не­он­ски но­ќи“ на Бла­го­је­виќ и Ду­ко­ски, „Би­ро­крат­ски ла­ви­рин­ти“ – рач­но изра­бо­те­на­та кни­га на Ива­нов­ски и Ди­ми­тро­ва… во хо­лот, га­ле­ри­ја­та и ка­тот на МКЦ, со кра­тка све­че­на це­ре­мо­ни­ја и му­зич­ка про­гра­ма вечерва во 20 ча­сот се отвора го­ди­наш­ни­от фе­сти­вал „Скоп­је кре­а­ти­ва 2018“, во ор­га­ни­за­ци­ја на кон­грес­ни­от цен­тар „Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски“, а под по­кро­ви­телс­тво на гра­дот Скоп­је.

Сле­ду­ва­ат и из­лож­ба­та „Сим­бо­лич­но по­вр­зу­ва­ње“ со скулп­ту­ри на Пе­тру­шев­ска, „Фо­то­ко­пир­ни­ца на љу­бо­вта“ – мул­ти­ме­ди­јал­но­то прет­ста­ву­ва­ње на „Арт екви­ли­бри­ум“, „Тр­ка­лез­ни фор­ми“, „Од тра­ди­ци­ја и фолк­лор до кре­а­тив­ност и мул­ти­кул­ту­ра­ли­зам, кук­ли во на­род­ни но­сии“ на За­ке­ва, Хи­се­ни и Трп­чев­ска, „Ме­мо­Арх“ – ин­те­ра­ктив­на­та, еду­ка­тив­на из­лож­ба на На­ми­че­ва, мод­ни­те из­лож­би и ин­ста­ла­ции ка­ко „Ф“ – без­ро­до­ва­та ко­лек­ци­ја на „Лу­дус“, „Во име­то на фа­лу­сот и ср­це­то, јас сум чо­век“ – ин­ста­ла­ци­ја­та на Јо­ва­нов­ска и На­ми­че­ва, по­ста­вки­те на на­кит…

Фе­сти­ва­лот има за цел да пот­тик­не раз­вој на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии, за што е по­треб­на еду­ка­ци­ја на гра­ѓа­ни­те и на мла­ди­те за соз­да­ва­ње но­ви про­из­во­ди. Пре­ку раз­ви­ва­ње­то ве­шти­ни и ин­тен­зи­ви­ра­ње на со­ра­бо­тка­та ме­ѓу се­кто­ри­те кул­ту­ра и еко­но­ми­ја се теж­нее да би­де ис­пол­не­та крај­на­та цел – кре­а­тив­ни­от по­тен­ци­јал да би­де ста­вен во функ­ци­ја на еко­ном­ски­от раз­вој.

– Од са­мо­то пр­во из­да­ние мно­гу јас­но, ед­но­став­но и ко­му­ни­ка­тив­но, бе­ше пред­ви­де­но де­ка фе­сти­ва­лот ќе се раз­ви­ва во на­со­ка на фе­сти­вал-пла­тфор­ма, кој ги под­др­жу­ва кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии во Ма­ке­до­ни­ја, зна­чи зем­ја без раз­ви­е­на и ед­вај раз­ви­е­на ме­ка ин­ду­стри­ја, ме­ѓу­тоа за да се ис­пи­та по­тен­ци­ја­лот и раз­во­јот на тој по­тен­ци­јал од стра­на на на­ши­те ди­зај­не­ри и умет­ни­ци што има­ат чув­ство за при­ме­не­ти ре­ше­ни­ја – ве­ли Иван­ка Апо­сто­ло­ва, про­грам­ска ди­ре­ктор­ка на фе­сти­ва­лот.

Фе­сти­ва­лот и оваа го­ди­на но­си звуч­ни ими­ња од странс­тво од об­ла­ста на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии. Та­ка, во МКЦ во слу­ча­јов до­а­ѓа­ат екск­лу­зив­ни го­сти од ре­ги­о­нот од по­ве­ќе тво­реч­ки об­ла­сти, кои е пла­ни­ра­но да одр­жат ра­бо­тил­ни­ци и пре­да­ва­ња во рам­ки­те на про­гра­ма­та: Ге­ерт де Та­је од Бел­ги­ја, фо­то­граф, Та­ма­ра Ни­ко­лиќ Ѓе­риќ од Хр­ват­ска, ет­но­лог и ку­стос, со­пруж­ни­ци­те Бил­ја­на и Бра­тис­лав Бран­ко­виќ од Ср­би­ја, ар­хи­те­кти, Ралф Ѓо­ни од Ал­ба­ни­ја, ПР и Иван Брк­љач од Ср­би­ја, прет­при­е­мач.

Фе­сти­вал­ски­от фо­рум за раз­вој на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии во Ма­ке­до­ни­ја е еден од нај­важ­ни­те на­ста­ни, а ќе се одр­жи денес од 13 до 14.30 ча­сот во ки­но­то „Фро­си­на“ во МКЦ.

Фестивалот ќе трае од 11 до 13 мај, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top