| четврток, 6 декември 2018 |

Нема живот во Македонија ако нема правда и казни, јас не сум Груевски

Премиерот Зоран Заев  синоќа учествуваше на првата од серијата граѓански трибини што се одржа во Центарот за култура „Иљо Антевски Смок“ во Тетово на тема „Заедно едно општество за сите“.

Во обраќањето пред присутните Заев посочи дека трите концепти за унапредување на состојбите во Македонија, се „Едно  општество за сите“, пријателство со соседите, но и со другите земји во регионот Европа и во светот, што како конечна цел има подобрување за состојбите во економијата.

Осврнувајќи се на актуелните состојби и прашања во државата тој зборуваше и за дилемите кои се јавуваат кај граѓаните во последно време дали ќе има правда, бидејќи, како што рече, и тој ги слушнал информациите дека Заев се договорил со Груевски да нема пресуди и казни.

– Нема живот во Македонија ако нема правда и казни, бидејќи јас не сум Никола Груевски и СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ. Ако нема казни како јас ќе знам дека и луѓето што сега се во извршната власт нема да го прават истото што го правеа претходно. Секој што се огрешил и за кого ќе има докази во транспарентна и отворена судска постапка мора да сноси одговорност и законот да биде еднаков за сите. Правда мора да има. Согласно доказите очекувам пресуди и казни за она што некој го правел на Македонија во изминатите години, рече Заев.

„Терористи за советници, бранители на споменици“ – Заев пречекан на нож во Тетово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top