Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „Акцент“ на МРТВ посочи дека владата на СДСМ не направи никакви реформи во судството. Тој рече дека нема никаков судски прогон или процес на ниту еден член од владата на СДСМ и ДУИ а граѓаните секојдневно ја слушаат снимката на премиерот Заев како бара едно евро за него, едно евро за брат му и едно евро за црквата.
-Не може а да не стане очигледно дека во оваа држава нема ни еден член на СДСМ или на ДУИ кои што се влада кој што е под било кој судски прогон или процес, што значи дека „најчесните“ луѓе во оваа држава се во владата на Зоран Заев а го гледаме на снимки како си бара евро за брат му, евро за него и евро за црквата и очекуваме тука да има ослободителна пресуда како тргнало македонското судство затоа што ние тоа што го гледаме не е така и тој се обидува да не изманипулира сите нас овдека граѓани кои со свои очи гледаме што се случува. И факт е дека тоа постои како што постојат нарачки да преку 200 луѓе бидат под прогон на секое место, во секој град и село затоа што се тие локални авторитети на ВМРО-ДПМНЕ. И можете да си продолжите со овие нај црни пракси на комунизмот но секоја омраза раѓа нова омраза, истакна Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


