Првото дрво гинко билбоа денеска беше посадено на местото на споменикот на Андон Лазов Ќосето пред Судска палата во Скопје. Со „културно-уметничка програма“, со песни, игри и говори, но и половина Нинберг и дипломатски кор на аголот пред Судот Шилегов садеше дрво. Но, секако не обично дрво, туку лековито.
Ако сакате да прочепкате на интернет и да се информирате за какво дрво станува збор, зашто садењето на дрвото наликува на отворање булевар, прво што ќе налетате се научни трудови во кои се разработени лековитите својства на плодот на гинко – се користат за ерективни дисфункции, односно од плодовите се прават масла кои ги решаваат проблемите за потентност.
Гинко билбоа е меѓу петте лекови за треитрање на ерективните дифункции. Градот Скопје набави вакви дрва во вредност на 650.000 евра. Каква порака ви испраќа градскиот татко со дрвата што ќе ги сади по Скопје, оценете самите.
За дрвта што ќе се садат на местото на Ќосето, Град Скопје ќе потроши 650 илјади евра
Шилегов ниту досега не се воздржувал и премислувал да ги навреди скопјани, па така не треба да чуди ни сега, откако ги изнарече со секакви зборови, да им засади дрво за да им го подигне нивото на тестостерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст