Со самото тоа што и во двата брака делеше постела со фолк-пекачи, Соња Вуксановиќ морала да навикне на статусот ѕвезда, особено што и двата развода, прво оној со Жељко Шашиќ, па и овој вториов со Аца Лукас, беа медиумски проследени, а и самите по себе доволно скандалозни. Сепак, иако ужива во славата што ја заработи благидарение на мажите, Соња не сака многу да зборува нив.
– На бившите им посакувам сè најдобро во животот, но само подалеку од мене. За нив не треба ни да се зборува, открива Соња за Глоси.
-Да се однесуваа како луѓе и мажи, сигурно ќе им бев и ќе им останев пријател, мо кога се однесуваат како исфрустрирани тинејџери, со мене веќе немаат ни комуникација, а камо ли пријателство.
Таа истакнува дека не ѝ пречи што Шашиќ и Лукас од време на време ќе испреат уста со неа.
-Веќе не ми пречи ништо што е врзано за нив. Со таквото однесување зборуваат лошо за себе, а и за тоа колку тешко им паднала разделбата со мене, додава Соња и завршува со констатацијата дека на ќерките од овие бракови не ни морала да им ги објаснува сите бурни промени кои ѝ се случиле на приватен план.
– Немам што да им објаснувам на ќерките, живеат со мене и најдобро знаат и разбираат што се ни се случувало. Зборуваме за се, цврсто се држиме заедно и никому не му ја даваме нашата насмевка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст