| четврток, 6 декември 2018 |

Тешки моменти од младоста: Почнав да работам на 16 години

Сопругата на Новак Ѓоковиќ и директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, уште како тинејџерка сакала да студира во странство, но за да си ја исполни желбата морала да почне да работи и сама да се снаоѓа.

– Јас последните 14 години не живеам во Србија и не живеам во истиот систем како нашите млади луѓе. Мојата прва работа беше во парфимерија, кога имав 16 години. Потоа, работев во обложувалница како шанкерка, правев кафе, сокови и го правев тоа за да заработам доволно пари за карта за Италија и да студирам, раскажала Јелена.

Јелена открила и на кој начин се финансира нејзината фондација.

-Има многу луѓе кои се јавуваат и нудат помош, како материјална така и физичка и многу сум благодарна за тоа. Но најголемите донатори сме Новак и јас. Ние не сакаме да го нагласуваме тоа, бидејќи тоа се смета за лична промоција. Меѓутоа, сфативме дека доколку зборувате за тоа, ќе поттикнете и други луѓе да донираат, открила Јелена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top