| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски во Словенија на Ифимес и на средба со Јанша, ќе се сретне и со дел од дијаспората во Италија

На покана на меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Словенија, денес предавање во Љубљана ќе одржи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на темата улогата на евроатлантските интеграции во обезбедување на економски развој и политичка стабилност во југоисточна Европа.

Како што најавуваат од институтот, проф – др Мицкоски се очекува да се осврне на темата за важноста на европските интеграции но и обезбедувањето на економска стабилност на државите на балканот што во суштина е и иднината на целиот регион.

За време на посетата во Словенија, Мицкоски заедно со шефот на неговиот кабиент, Златко Перински, ќе присуствуваат и на коференцијата на Словенечката демократска партија на Јанес Јанша каде освен средба со Јанша се очекува да има и обраќање на истата. Потоа ќе ја посети и македонската дијаспора во Италија, поточно градот Канели каде се планирани повеќе средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top