| четврток, 6 декември 2018 |

САД депортирале речиси 54 000 Мексиканци за три месеци

САД во првите три месеци годинава депортирале 53 746 Мексиканци, што е за 40 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, наведуваат властите во Мексико. Борците за човекови права ја повикаа мексиканската влада да издвои повеќе средства за поддршка на зголемениот број Мексиканци кои биле депортирани.

Јунис Рендон од организацијата „Мигрантска агенда“ на заедничка прес-конференција со претставници на мексиканската Национална комисија за човекови права, изјави дека Мексико мора да издвои дополнителни финансиски средства за реинтеграција на депортираните граѓани.

Таа заклучи дека колку подолго мигрантите живееле во САД, толку послаби им се врските во Мексико.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top