| четврток, 6 декември 2018 |

Два нови термини за претставата „Чиста хероина“

На барање на публиката на 15 и 16 мај во „Јавна соба“ со почеток во 19 часот ќе се одигра театарската претстава „Чиста Хероина“ според текстот „Лична Ангелина“ (Чувари на честа) на Загорка Поп-Антоска Андовска, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

„Лична Ангелина (Чувари на честа)“ е драма која е напишана во стих, со архаичен говор близок на епската песна „Болен Дојчин“, се случува во митско време, и го следи веќе воспоставениот однос на Болен Дојчин и сестра му, Лична Ангелина. Режисерското читање на Ѓорѓи Ризески, го отфрла митското време, и дејствието го сместува во сегашноста, во една брачна соба, на поткровје и својот режисерски фокус го гради врз првата сцена во која Лична Ангелина ја отфрла искрената љубов на Црна Арапина, а со тоа и идејата дека светот може да биде помирен.

Ликовите на Болен Дојчин, Умер Бичакчија, Митре Поморјаче и Павле Плетикоса драматуршки се споени и ги толкува Марко Илиќ, а ликот на Лична Ангелина Надица Петрова. Оригинална музика за претставата работеше Александар Андовски. Музички соработник е Викторија Чочороска. Костимот и сценографијата се потпишани колективно.

Продуцант на претставата е Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ популарно познат како ДАСТА Академија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top