| четврток, 6 декември 2018 |

Во МНТ гостува Народно позориште Белград со претставата која ја обработува српската епска поезија „Царство небеско“

На 23 мај на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) гостува Народно позориште Белград со претставата „Царство небеско“ – Епика Балканија. Режисер на претставата е Јернеј Лоренци. Во претставата играат: Олга Одановиќ, Наташа Нинковиќ, Нада Шаргин, Хана Селимовиќ, Бранко Јерениќ, Бојан Жировиќ, Никола Вујовиќ, Милутин Милошевиќ и Славен Дошло.

Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина“ во 21 часот (траење 45 минути).

„Царство небеско – Епика балканика“ ја обработува српската епска поезија. Режисерот Јернеј Лоренци ја обработува оваа тема „поради љубовта кон древните приказни и песни, како први документи на нашата цивилизација.

– Ме интересираат темите, мотивите, дилемите, кои се тие страдања и мечти, и каква врска има сето тоа со нас денес. Многу заедничко. Во епиката работите се малку посурови, непосредни, со помалку лаги. А и страстите помалку се кријат. Ме фасцинира мечтата во приказните и песните, бидејќи имагинацијата е најголемата привилегија на човековото постоење. Српските песни се одлична комбинација на историјата, од една страна, и митологијата, од друга страна. Понекогаш дури и митоманијата. Тој раб помеѓу историјата и митоманијата ме е особено интересен, сé она архетписко, важно за нашата потреба за раскажување на приказни – вели во едно интервју режисерот Лоренци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top