Предлог-законот за измена на Законот за основање факултети во составот на Универзитетот „Климент Охридски“ од Битола по скратена постапка, кој беше поднесен до Собранието на 4 мај, предвидува Правниот факултет од Кичево да се пресели во Битола. Законот е поднесен од пратениците Александар Кирацовски и Горан Милевски. Судбината на правните студии во Кичево, по се изгледа е запечатена, пишува Кичево.мк.
– Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот факултет со седиште во Кичево, каде што токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување студенти. Од друга страна фактите и аргументите покажуваат позитивен тренд на запишување на студенти и квалитет во Битола. Исто така имаме и голем број институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо јавно обвинителство, 146 регистрирани адвокати и адвокатски друштва, 7 извршители и 13 нотари. Имаме голем број институции, приватни комапнии, невладини организации кои дополнително можат да бидат дел од развојот на овој факултет и развој на студентите. Токму овие аргументи налагаат промена на седиштето на овој факултет, наместо во Кичево да биде во Битола со што ќе се зголеми атрактивноста од една страна, од друга страна преку низа други мерки и активности ќе се обезбеди долготрајност и одржливост на истиот. Токму затоа јас како пратеник, во Собранието најскоро ќе поднесам предлог закон со којшто ќе барам промена и поддршка од колегите пратеници за промена на седиштето на факултетот, наместо да биде во Кичево, да биде во Битола, наведува Александар Кирацовски.
На ваквите најави реагираше пратеникот Антонио Милошоски од Кичево:
Сите наведени причини во поднесениот закон се неосновани за предложената постапка која Кичево ќе го чини многу, а во Битола нема да промени речиси ништо. Трендот на запишување е менлив и зависи од повеќе фактори, бројот на институциите нималку не е пресуден фактор за опстојување на ваква високообразовна институција, Кичево исто така има Основен суд, како и голем број на адвокатски и нотарски канцеларии, компании.
Кичево ги има потребните услови за функционирање на оваа високо-образовна установа која даде дипломци, магистри и доктори. Со оглед на тоа дека беше почнато од нула и изодениот пат и постигнатите резултати за релативно краток рок, се повеќе од доволна причина седиштето на Правниот факултет да продолжи да биде таму каде што е.
Наместо да се прават обиди за негова преселба, вистински потег е да се изнајдат начини да се помогне во унапредување на работата на овој факултет и да се поддржи неговото функционирање. Ова, едноставно, не е начин кој ќе помогне некому. А ќе одмогне многу на Кичево и кичевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст