| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец приведен за нарушување на јавен ред и мир, во станица нападнал полицаец

Вчера околу 16.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, по претходна пријава за нарушен ред и мир, се упатиле во кафуле лоцирано во комплексот „Кеопс“.

Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, лицето Б.Т. (43) од Битола почнало да се однесува агресивно и да ги навредува, по што истиот бил приведен во полициска станица. По пристигнувањето во полициската станица Б.Т. физички нападнал еден од полициските службеници.

По целосното расчистување и документирање на настанот против Б.Т. ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top