По СДСМ и Општина Струмица и самиот Зоран Заев потврди дека Зоран како градоначалник продал земјиште на кое сега гради неговиот брат Вице Заев, изјави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
-Во оваа шема нема случајности: Вчера објавивме дека Зоран Заев од позицијата градоначалник на општина Струмица продал атрактивно градежно земјиште со површина од околу 18.500 м2, на лицето Сашко Брндевски. Брндевски – кој како физичко лице го купува плацот за 700.000 евра не е случајно. Тој е бизнис партнер на Вице Заев – брат на Зоран Заев во една друга компанија – „Сара Инжинеринг“. Значи лицето на кое Заев продава земјиште е заеднички бизнис партнер со неговиот брат. Бизнис пајташот на Вице, Сашко Брндевски на 29.12.2014 година или два дена пред нова година платил 700.000 евра за една парцела наменета за изградба на колективно домување, за потоа, во 2016 година истиот Брндевски да склучи договор за пренесување на правото на градење на фирмите „Тотал Инжинеринг“ и АД „Пелагонија Струмица“. Овие две фирми се добро познати на јавноста како дел од картелот и кланот на Заеви. Првата, „Тотал Инжинеринг“ е во сопственост на братот Вице Заев, а во втората, АД „Пелагонија Струмица“ братучедот Трајче Заев бил член на Управниот одбор во времето кога е склучен овој бизнис, рече Јанушев.
Вистинското прашање, додаде Јанушев, е од каде му се 700.000 евра на Брндевски, кој туку-така да плати во кеш за оваа атрактивна локација?
–Да биде скандалот поголем, Брндевски им отстапува на фирмите на Заеви голем дел од парцелата за само еден стан од 40м2 иако на тоа место се предвидува да се изгради зграда со нето површина од речиси 7.000м2. Замислете да отстапите парцела на која ќе никне огромна зграда за само еден еднособен стан?! Значи давате парцела за цела зграда за еден стан од 40м2. Ова нема никаква бизнис логика, ама затоа има логика во математиките на Заеви. Токму оваа логика фрла сомнеж дека бизнис партнерот на Вице Заев – Сашко Брндевски е само параванот зад кој се кријат бизнис интересите на картелот на власт. Улогата на Брндевски е да го маскира богатењето на Заеви. Ова е методот на кој Заеви докторираа во Струмица. Зоран продава, некој бизнис пајташ на Заеви купува, Зоран дава дозвола за градење, а потоа парцелата багателно се препродава на Вицето и на крајот Заеви добиваат зграда во вредност од неколку милиони евра. Вака расте нивната империја која веќе како канцер метастазира во економијата во Република Македонија!, заклучи Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст