| четврток, 6 декември 2018 |

Полициска акција синоќа во Чаир за спречување на диви трки, приведени двајца мотоциклисти

Во периодот од 22.30 часот вчера до 01.00 часот ноќеска, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје биле преземени мерки и активности за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“ и „2-ра Македонска бригада“.

Притоа, биле регистрирани 15 прекршоци за кои биле издадени 15 платни налози на прекршителите. Двајца од учесниците немале лични документи и документи за мотоциклите и затоа биле приведени во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top