| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва со „Боеми“ се отвораат 46. Мајски оперски вечери

Свеченото отворање на овогодинешните оперски вечери ќе биде со премиера на претставата „Боеми“.

Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими во Париз ќе се изведе под диригентската палка на Џанлука Мартиненги од Италија, во режија на Дејан Прошев. Главните улоги ќе ги изведат нашите солисти Ѓорѓи Цуцковски и Благица Поп Томова.

Традицијата  на Македонската опера и балет и понатаму продолжува со  доближување на оперската и балетската уметност до публиката. Фестивалот Мајски оперски вечери е еден од ретките оперски фестивали во Европа . Годинава тој ќе се одржи по 46 пат, што навистина претставува бројка за почит.

-Операта, како и секоја друга форма на уметност, е значајна бидејќи ни нуди рефлексија на тоа што сме, на начинот на кој се поврзуваме со другите и ни одсликува што значи да се биде човек … вели Бисера Чадловска, уметнички раководител на Операта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top