| четврток, 6 декември 2018 |

Брканица околу „Фордот“ за да спаси жива глава: Како бил изрешетан Владо Марадона пред градинката на неговиот син (видео)

Пред околу една недела во Панчево, Србија, пред градинката во која го претходно го оставил неговиот син, изрешетан беше ММА борецот, Владимир Јовановиќ – Марадона. Тој не бил во животно загрозувачка состојба иако бил погоден со 7 куршуми.

Сигурносните камери на улицата јасно покажуваат како напаѓачот со црна качулна на главата, најпрво минува по тротоарот, за десетина секунди подоцна да пука кон Јовановиќ. Брканицата во која Марадона за чудо спасил жива глава, како што може да се види на видеото, се случува околу паркиран бел автомобил од марката „Форд“, зад кој жртвата се обидува да се сокрие, а напаѓачот го брка. Снимките ги објави српски Курир, а видеото од обидот за убиство може да го погледнете тука.

Инаку, како што јавија српските медиуми, полицијата веќе уапсила лица за кое се сомневаат дека го извршило нападот над Владимир Јовановиќ. Станува збор за црногорскиот државјанин, Вуко Марковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top